Обамејанг е ковид-негативен и се врати во тимот на Габон за АКН

Репрезентацијата на Габон ќе добие сериозно засилување за натпреварот против Гана од второто коло на Африканскиот Куп на нации. 

Откако го пропуштија првото коло, негативни тестови за коронавирусот добија првата ѕвезда Пјер Емерик Обамејанг и Марио Лемина. Со сигурност напаѓачот од Арсенал е огромна придобивка, бидејќи е далеку најдобар поединец во тимот на Габон. 

И без двајцата во тимот, Габон се радуваше минимално против Комори во првото коло. Сепак, пред Габонците се посериозни предизвици, па за дуелот со Гана в петок ќе се врати Обамејанг, а во третото коло ги очекува и дербито против Мароко. 

Сепак, нов пех за оваа репрезентација е позитивниот тест на селекторот Патрис Неве кој нема да го води тимот.