• Горан Упале
Екипите на Олимпик Марсеј и Лион одиграа ново возбудливо дерби во Франција, на кое гостинот двапати испушти водство и за дома си замина со празни раце (3-2). Херој на домашниот тим беше некогашниот ас на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг кој беше автор на двата последни гола за гигантот од Марсеј.
- Извештај од натпреварот:
Гостите од Лион подобро го отворија натпреварот и поведоа уште во третата минута. Корентен Толисо се најде на вистинското место во шеснаесетникот и по асистенцијата од младиот Ендрик ја испрати топката во мрежата за рано водство на Лион (0-1).
По примениот гол Олимпик Марсеј се обиде да воспостави контрола на играта и почна почесто да се заканува кон голот на противникот, додека гостите се обидуваа преку брзи контранапади да ја зголемат предноста.
Во второто полувреме домашниот тим успеа да дојде до израмнување. Во 52. минута резервистот Игор Паишау постигна прекрасен гол со удар од дистанца по асистенција на Пјер-Емил Хојбјерг, но Лион брзо реагираше и Химберт донесе ново водство (1-2). Но, кога најмногу беше потребно на сцена стапи искусниот Пјер Емерик Обамејанг. Ветаранот за десет минути постигна два гола за лудница на „Велодром“ и голема победа на Олимпик Марсеј (3-2).









