Нутинен: Вардар погоди и настана хаос... не верувам дека некој жали за билетот!

Тренерот на КуПС, Мика Нуутинен, не го криеше задоволството по драматичниот двомеч со Вардар и пласманот на неговиот тим во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите и покрај поразот во Финска (2-3 победа на Вардар во Куопио, вкупни 4-3 за КуПС во двомечот).

„Ова беше вистински трилер. Не верувам дека некој ќе зажали што купил билет за овој натпревар. Вардар прв постигна гол и тогаш на теренот настана вистински хаос. По тоа, мислам дека натпреварот имаше сè што може да понуди еден фудбалски меч. Секое вакво искуство го прави тимот посилен“, изјави Нуутинен.

Екипата од Куопио заради победата од 2-0 во Скопје и вкупниот резултат 4-3 останува во елитното друштво и во второто коло ќе игра со Сабах од Азербејџан или ТНС од Велс, додека Вардар го чека двомеч во Конференциската лига со Рига од Летонија.