ВИДЕО: Нуно влета в терен и прослави лудо како Клоп, па си заработи исклучување! 

Кога искусниот Морган во 89. минути постигна гол за 3-3, се чинеше дека Лестер Сити со голем бод ќе се врати од гостувањето кај Вулверхемптон, но само неколку минути подоцна следуваше експлозија на трибините. 

Длабоко во судиското надополнување Диого Жота погоди за 4-3 и предивика лудило кај домашните фудбалери, на кое се придружи и португалскиот стратег Нуно Еспирито Санто. Тој прослави во стилот на Клоп, но за разлика од Германецот заработи исклучување и ќе мора следниот натпревар да го преседи на трибини. 

Погледнете како Нуно го прослави победничкиот гол на Вулверхемптон против Лестер Сити: