• Зоран Мишевски
Премиерлигашот Вулверхемптон соопшти дека менаџерот Нуно Еспирито Санто го напушта клубот на крајот од сезоната, која завршува в недела.
Клупската управа и португалскиот стручњак спогодбено се договориле да стават крај на соработката.
„Од првиот ден на моето доаѓање амбицијата беше да направиме позитивни промени и да го турнеме клубот напред, Горд сум што можам да кажам дека тоа го работевме секојдневно. Нашите цели ги остваривме, тоа го постигнавме заедно и со многу страст“, рече Нуно.
Вулверхемптон е 12-ти на табелата пред последното коло во Премиер лигата, во кое в недела го пречекува Манчестер Јунајтед. Португалецот, кој своевремено ги водеше Порто и Валенсија, се спомнува како еден од кандидатите за менаџер на Тотенхем следната сезона.
Гигантот од Лондон пред извесен период му врачи отказ на Жозе Мурињо и е во потрага по нов стратег.