• Саше Љолес
Најкорисниот играч на завршниот турнир во Лигата на нации, Португалецот Нуно Мендеш, изјави дека е среќен што националниот тим вторпат се закитил со трофејот, а воедно изрази и длабока почит за Кристијано Роналдо.
Левиот бек на „европските Бразилци“ смета дека титулата е заслужено освоена, беше скромен во однос на МВП награтада, но имаше што да каже за својот легендарен соиграч кој веќе има полни 40 години.
„Среќни сме за трофејот, а уште посреќни за нашиот Роналдо. За него ова е нов трофеј, тој ги заслужува сите можни трофеи. Ни помага на теренот, но и надвор од него. Неговите совети се секогаш добредојдени. Има прекрасен пристап и победнички менталитет, тој е вистински пример и модел за сите млади играчи во националниот тим.
Португалија заслужено триумфираше во Лигата на нации. Одигравме два меча против силни ривали и покажавме дека имаме голем прогрес како колектив. Одиме понатаму во нови тимски успеси, индивидуалните награди не ми се важни“, рече Мендеш.
Португалија успеа да ја совлада Шпанија во пенал-рулетот, откако мечот во регуларното време заврши со конечни 2-2.
ФОТО/PHOTO: UEFA