ВИДЕО: Нуно го одведе Нотингем во Европа по 30 години, но претседателот беше лут како рис!

Нотингем Форест не успеа да ги освои сите три бода против веќе испаднатиот Лестер Сити. Ова ја искомплицира нивната борба за Лигата на шампионите, што го принуди Евангелос Маринакис да слезе на теренот за да му каже нешто на својот менаџер.

Нуно Еспирито Санто не може да биде задоволен од настапот на својот клуб, кој во последните три натпревари не забележа ниту една победа против послабо рангирани тимови. „Шумарите“ беа поразени од Брентфорд и ремизираа со Кристал Палас и Лестер.

Лошата форма на тимот не му се допадна ниту на претседателот Маринакис, кој слезе на теренот по свирежот на судијата за да се расправа со португалскиот тренер. Двајцата беа во жестока караница, иако Еспирито Санто обезбеди настап на својот тим во Европа следната сезона, но тоа нема да биде елитата на УЕФА.

Грчкиот сопственик сепак ќе гледа еден од неговите тимови во Лигата на шампоните. Причината за ова е освојувањето на грчката лига од страна на Олимпијакос.