„Нула“ за новиот Вардар, Станковски го израдува Работнички

Екипата на Вардар ја имаше првата контрола во нов лик и одигра реми без голови во Македонска Каменица кај второлигашот Саса.

Вардарци предводени од тренерот Горан Симов го имаа првиот настап во овој дрес по реорганизацијата на целиот колектив. Најтрофејниот тим се подготвува за настап во ВМФЛ-Запад, а на премиерата на подготовките не успеа да победи на гостински терен и одигра „нула“.

Работнички, пак, на СЦ „Билјанини Извори“ беше подобар од Ренова (0-1). Единствениот гол за дебармаалци го постигна Марио Станковски од пенал во 47. минута од натпреварот.