„Нула“ на Македонија У21 во пријателската со Австријците

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година одигра реми без голови против врсниците од Австрија У21, во пријателски натпревар кој се одигра во Риед.

Нашиот национален тим одигра меч скоро со две различни постави, една во првото и една во второто полувреме. Тренерот Канатларовски им даде шанса на сите играчи, но немаше тресење на мрежите.

За Македонија У21 на овој натпревар настапија Иван Николовски, Андреј Стојчевски, Стефан Деспотовски, Методи Максимов, Имран Фетаи, Иван Николов, Матеј Ангелов, Алекс Златков, Димитар Тодоровски, Луан Абази и Ване Крстевски.

Од клупата за резерви влегоа Стефан Митрев, Фисник Исаки, Хамза Рамани, Решат Рамадани, Берат Калкан, Лука Станковски, Димитар Трајков, Христијан Георгиевски, сите во второто полувреме.