Нухиу: Завршив добра работа со анализата за Силекс

Ако некој добро го познаваше Силекс, тогаш тоа е Ардиан Нухиу, тренерот на косовска Дрита. По победата во рамки на Лигата на Европа (0-2), Нухиу не го криеше задоволството и потенцира дека фудбалерите ги одработиле сите негови дадени задачи.

„Одигравме еден тежок натпревар, но плус беше што моите играчи не му дозволија на Силекс да креира шанси. Предност беше што сите ги знаев многу добро, мое беше да ја подготвам анализата, ама играчите ги понесуваат пофалбите за оваа победа. Ги затворивме сите силни страни на Силекс и дојдовме до посакуваниот успех“, изјави Нухиу по средбата.

Дрита поради историскиот успех и првиот пласман во третата квалификациска рунда на Лига Европа ќе патува во Полска каде ќе игра со Легија Варшава.