• Горан Упале

Екипата на Шкендија викендов го забележа првиот овосезонски пораз во Првата македонска фудбалска лига. Тетовчани беа немоќни на гостувањето кај Силекс во Кратово (2-1), а тренерот Ардијан Нухиу жали што го загубиле најдобриот натпревар што неговиот тим го одиграл оваа сезона.
„Знаевме дека првиот пораз ќе дојде еден ден, но јас лично мислам дека го загубивме најдобриот натпревар или најдоброто издание од нашиот тим оваа сезона. Лично мислам дека требаше да бидеме повнимателни и поагресивни во тие удари од далечина за да ги спречиме да го погодат голот. Бркавме негатива и кога израмнивме, мислевме можеме до уште еден гол, но стигна казната“, рече Нухиу.
И покрај поразот Шкендија останува лидер на табелата во ПМФЛ со 13 бода, колку што има и тимот на Брера.