Нухиу и Дуро во тандем ја презедоа косовска Дрита

Младиот и перспективен македонски стратег Ардијан Нухиу се реши својата тренерска кариера да ја продолжи во Косово, односно во прволигашот Дрита од Гњилане.

Поранешниот шеф на стручниот штаб на Шкупи со косовскиот тим се обврза на договор од две години, со можност за продолжување уште за толкaв период. ДВо Дрита ќе ја извршува функцијата помошник тренер на Шпетим Дуро, кој исто така беше промовиран вчера. 

За двајцата стратези ова ќе биде нивна втора заедничка соработка, откако пред пет години заедно беа дел во Шкендија, каде Дуро беше шеф на стручниот штаб, а Нухиу фудбалер.