ВИДЕО: Новото засилување на Ливерпул минатата сезона ѝ пресуди на Шкендија

Минамино Шкендија

Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, го доведе првото зимско заислување. Се работи за јапонскиот интернационалец Такуми Минамино.

Македонската јавност добро го познава овој фудбалер. Сега поранешниот член на Салцбург минатата година гостуваше во Скопје и го постигна единствениот погодок во победата над Шкендија, во реваншот од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. 

По убедливата победа на домашен терен, австрискиот првак минимално го порази тимот од Тетово. Трагичар на натпреварот беше Стенио Жуниор, кој му подари отворена шанса за реализација на Минамино.

„Црвените“ за својата нова аквизиција во средниот ред платија 7,25 милиони фунти.