Новото правило за игра со рака е причината поради која немаше пенал за Италија

Италија Турција

Првиот натпревар на Европското првенство меѓу Италија и Турција донесе еден контроверзен момент, кој ги збуни навивачите. Сите се чудеа зошто судијата Дани Макели не покажа на белата точка. Топката очигледно заврши во раката на Челик, но Италијанците не добија шанса да шутираат од белата точка.

Денес ситауцијата беше разјаснета за пошироката јавност. Судијата не реагираше бидејќи на турнирот се применува новото правило за игра со рака, кое е планирано да се користи од наредната фудбалска сезона.

Правилото гласи дека нема да има најстрога казна, кога фудбалерот кој играл со топката немал никаква намера да го направи тоа, а дистанцата меѓу фудбалеите е минимална. Токму таков беше случајот со турскиот репрезентативец на овој натпревар.

Автоголот на Демирал влезе во историјата на Европските првенство. Никогаш еден турнир не бил отворен со погодок во сопствена мрежа на еден фудбалер.