Ново засилување за Новаци, пристигна дефанзивецот Мартин Пивковски

Македонскиот второлигаш Новаци продолжува со доведување нови играчи за остатокот од сезоната.

Откако вчера беше потпишан договор со младиот Стефан Секирски, денес на тимот му се приклучи и Мартин Пивковски, кој пристигна од екипата на Детонит Плачковица

Се работи за 20-годишен дефанзивец, од кого се очекува да биде солидно засилување за претстојните предизвици во второлигашкото друштво. Новаци во моментов е шестопласиран на табелата, со 27 бодови на своето салдо. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.