Ново засилување за Њукасл, пристигна репрезентативец на БСК!

Англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед го потврди ангажманот на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Базумана Туре.

Дваесетгодишниот фудбалер потпиша долгорочен договор и пристигнува од Хофенхајм за сума од 50 милиони евра. Туре изјави дека е пресреќен што ќе има можност да настапува во Премиер лигата и најави дека ќе даде максимум за новиот клуб.

Минатата сезона тој одигра 32 натпревари за Хофенхајм, постигнувајќи пет голови и запишувајќи 12 асистенции. За репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска има девет настапи, од кои три на овогодинешното Светско првенство.

Њукасл новата сезона во Премиер лигата ќе ја отвори на 23 август со домашен натпревар против Ливерпул.