Ново засилување за Конте: Наполи потпиша со искусниот лев бек на Рома

Досегашниот фудбалер на Рома, Леонардо Спинацола, официјално потпиша договор со Наполи и се сели во тимот на Антонио Конте, јавија сите италијанските медиуми. 

31-годишниот лев бек стави потпис на договор со важност до 2026 година и се очекува да биде солидно засилување за дефанзивата на поранешниот шампион. Минатата сезона одигра 36 мечеви за Рома во сите натпреварувања и беше еден од најстандардните во екипата на Даниеле Де Роси. 

Пред Рома и Наполи, Спинацола играше уште за Аталанта, Перуџа, Виченца, Сиена, Ланчијано, Емполи и Јувентус. За италијанската репрезентација има одиграно 24 натпревари, а беше и дел од генерацијата која го освои Европското првенство пред три години.