Ново засилување за Гостивар, пристигна искусниот Дарко Глишиќ

Амбициозниот македонски прволигаш, Гостивар, се пофали со ново име во своите редови. Се работи за искусниот Дарко Глишиќ, кој треба да биде солидно засилување за левата бековска позиција. 

32-годишниот дефанзивец пристигнува од редовите на Вардар, а претходно во кариерата беше дел од повеќе домашни и странски клубови како кипарската Докса, Септември Софија, Динамо Тбилиси, Вардар, Тетекс, Шкупи и други. 

Гостиварчани очигледно имаат намера да создадат уште посилен тим и следната сезона да ги нападнат горните позиции на табелата во Првата македонска лига.