ВИДЕО: Ново шоу на Меси, Барселона славеше во дербито против Еспањол

Во вториот денешен натпревар од 29. коло во Примера, Барселона на „Камп Ноу“ го совлада градскиот ривал Еспањол со 2-0 (0-0) и се оддалечи на +13 пред второпласираниот Атлетико Мадрид.

  • Извештај од натпреварот:

Првото полувреме мина со иницијатива на избраниците на Валверде, но гостите умешно се бранеа и на одмор заминаа со по нив позитивни 0-0. Првата поголема шанса во првиот дел ја имаше Лионел Меси, а потоа се закани и Луис Суарез, но повторно недостигаше завршница. Во 31. минута Меси се закани и од слободен удар, но поуспешен од него беше гостинскиот голман Лопез.

И во вториот дел Барселона доминираше, но Диего Лопез не дозволуваше да биде совладан. Во 59. минута Валверде во игра ги внесе Малком и Серхио Роберто, а токму Малком четири минути имаше огромна шанса за погодок, но повторно ветеранот Лопез беше на вистинското место.

Еспањол на нападите одолеваше се до 71. минута, кога Лионел Меси одлично биеше од слободен удар, топката удри во главата на Виктор Санчез и заврши во гостинската мрежа (1-0). До крајот се играше отворено, двата тима имаа свои шанси, а конечните 2-0 ги постави Меси, во 89. минута по асистенцијата на Малком.

Во следното коло Барселона ќе игра на гостински терен против Виљареал, додека Еспањол ќе го пречека тимот на Хетафе.