ВИДЕО: Ново шоу на Ибра – никој не сака да биде во кожата на човекот кој е задолжен за загревање

Златан Ибрахимовиќ, првата ѕвезда на Милан, им се врати на натпреварите во Серија А и веднаш го привлече вниманието врз себе.

Искусниот голгетер ја заврши паузата од месец и половина и одигра десет минути на натпреварот со Торино, а при загревањето покрај аут-линијата приреди ново шоу и уште еднаш докажа дека е посебен. Негова нова „жртва“ беше човек кој беше задолжен за загревање на резервните фудбалери.

  • Акробацијата на Ибра на загревањето: 

Инаку, Милан остана лидер на табелата во Серија А, откако уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот на дуелот со Торино (2-0).