ВИДЕО: Ново шоу на Алиоски – даде гол на тренинг, па ја „скрши“ камерата

Езџан Алиоски и неговиот Лидс се подготвуваат за продолжување на Чемпионшип лигата, во која ќе атакуваат на првите две места кои носат директно учество во Премиер лигата, следната сезона. 

Марсело Биелса пред една седмица ги построи своите пулени, а нашиот репрезентативец повторно имаш свое шоу и го привлече вниманието на англиската јавност. На денешниот тренинг, Алиоски даде ефектен гол со глава, а потоа од радост ја „скрши“ камерата која го снимаше. 

  • Шоуто на Алиоски на тренингот на Лидс Јунајтед: 

Со 71 освоен бод, Лидс е лидер во Чемпионшип, а во врат му дише ВБА, екипа која има само еден бод помалку.