Ново прволигашко засилување, Десниќ потпиша со Вардар

Македонскиот фудбалер Дарио Десниќ е третото летно засилување за поранешниот шампион во ПМФЛ, Вардар, соопшти клубот.

Десниќ во најтрофејниот македонски фудбалски колектив доаѓа од редовите на Скопје, каде беше стандарден првотимец, но не се договори со раководството на клубот за нова соработка.

„Дарио Десниќ е новиот фудбалер кој што ќе го облече црвено-црниот дрес. Офанзивниот фудбалер ни доаѓа од екипата на ФК Скопје и потпиша договор на една година со нашиот клуб. Добредојде во Вардар, Дарио“, велат од Вардар.

Офанзивецот лани во дресот на Скопје во ПМФЛ одигра триесет натпревари и зад своето име запиша два гола, а имаше и две асистенции. Десниќ е третото засилување на Вардар ова лето, по Симеон Христов и Јован Попзлатанов.