Ново отсуство и проблем за Валверде пред гостувањето кај Леганес

Ленгле

Неколку дефанзивци на Барселона се надвор од конкуренција, што секако е голем проблем за тренерот Ернесто Валверде.

Предводникот на Барселона има проблеми да ја состави четворката во одбранбената линија, со оглед на тоа што повредени се Серџи Роберто, Џорди Алба и Нелсон Семедо.

За работите да бидат уште покомплицирани пред гостувањето кај Леганес, Клемен Ленгле нема да биде дел од каталонската експедиција. Повреда на листот на ногата за време на натпреварите со Албанија и Романија го примораа Французинот да остане дома.

Негова замена покрај Жерард Пике ќе биде Самуел Умтите, кој неодамна се врати на терените, по тешката повреда на коленото. Во конкуренција ќе бидат уште и Тодибо и Араухо.

Дуелот меѓу Леганес и Барселона е на програмата в сабота во 13:00 часот.