Ново „Олд Фирм“ дерби, победникот носи сè

Глазгов Ренџерс ја прекина деветгодишната доминација на Селтик во Премиершип, со Стивен Џерард на чело го симна од тронот големиот ривал и ја врати титулата на „Ајброкс Парк“. Но, на бајката со легендата на Ливерпул на клупата ѝ дојде крајот. Стиви Џи ја прифати поканата на Астон Вила и Ренџерс го загуби главниот адут - човек кој стана специјалист за „Олд Фирм“.
Со Џерард на клупата, Ренџерс внесе страв во коските на Селтик, го победуваше најголемиот ривал каде што ќе стигне и го презеде приматот во „Олд Фирм“. Испразнетото менаџерско столче беше пополнето на сличен начин како кога беше „повлечен“ Стиви Џи од Ливерпул – Ренџерс ангажираше уште едно големо име без големо тренерско искуство. Довербата му ја додели на Џовани ван Бронхорст.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Глазгов Ренџерс - Селтик

Холанѓанецот успеа делумно да ја задржи бодовната предност, добар дел од плусот се стопи во последните три кола кога „ренџерите“ ремизираа со Абердин и Рос Каунти. Под команда на Поштекоглу, Селтик влезе во серија од четири победи во Премиершип, а пред новиот „Олд Фирм“ се создаде ситуација победникот да носи сè. Првото место е на талонот: „Келтите“ го преземаат со триумф, додека „ренџерите“ можат да играат на карта реми.

Во Селтик е формирана јапонска колонија, а од квартетот Хатете - Идегучи - Фурухаши - Маеда, најважен играч за играта и резултатите на „келтите“ е поранешниот играч на Висел Кобе. Кјого Фурухаши е најдобар стрелец на Селтик во домашниот шампионат со осум гола. Деби во „Олд Фирм“ би можел да запише и Амад Диало, кој во Ренџерс пристигна на позајмица од Манчестер Јунајтед и на првиот настап се запиша во листата на стрелците.