Ново неверојатно промашување: „Време е Роналдо да седне на клупа...“ (ВИДЕО)

Роналдо

Фановите на Јувентус одново беа разочарани, по ремито на бранителот на титулата во Серија А кај Фиорентина.

Алваро Мората влезе од клупата за резерви за да ги спаси гостите од Торино. Нов настап без реализација и со неколку промашувања запиша Кристијано Роналдо.

Најдобриот стрелец на „старата дама“ има проблеми во изминатите неколку недели. Постојано е на мета на фановите, кои мислат дека тој мора да седне на резервната клупа, поради слабата реализација и неискористените зицери.

  • Промашувањето на Роналдо во Фиренца:

Јуве си направи проблеми се неколкуте лоши резултати и до крајот ќе мора да се „испоти“ за да го потврди местото во Лигата на шампионите.