Ново московско дерби, тврдиот Динамо ги руши плановите на „армејците“

Кога игра Динамо Москва во руската Премиер лига, за обложувачите фикс-тип е 0-2 гола. Барем така беше досега. На сите десет натпревари во шампионатот, Полицајците од руската престолнина не одиграа натпревар на кој паднале повеќе од два гола. Во градското дерби, Динамо в недела (15:30) игра во гости против ЦСКА. Домаќинот има четири победи во претходните пет кола и му „дише во врат“ на лидерскиот тандем Зенит и Спартак, кои имаат два бода повеќе.

И оваа сезона најдобар играч на „армејците“ е Никола Влашиќ. Хрватот даде четири гола, а не играше на почетокот од сезоната поради повреда. ЦСКА во овој шампионат игра многу подбро на гостински терен. Дома има само шест бода (по две победи и порази), додека на страна собра вкупно 13 бода. Единствениот пораз на гостинските терени беше во Санкт Петербург од Зенит (1-2). Динамо моментално е на шестото место во елитната лига на Русија, но прими најмалку голови во лигата, само пет, еден помалку од шампионот Зенит. Минатата седмица, „сините“ го победија Краснодар на свој терен со 2-0 на дебито на новиот тренер Александар Кулчиј од Белорусија. Тој на крајот од минатиот месец го замени Кирил Новиков, по поразот на мечот од Химки (0-1). Екипата ја напушти и минатогодишниот најскап играч во историјата на клубот – Максимилијан Филип (купен од Борусија Дортмунд за 20.000.000 евра). Германецот во последниот ден од преодниот рок замина на позајмица во Волфсбург.

Сите квоти од натпреварот ЦСКА Москва - Динамо Москва

Минатата сезона на натпреварите на градските ривали падна само еден гол. На „ЦСКА Арена“ славеше Динамо со 1-0, додека на крајот на јуни, во финишот на минатогодишниот шампионат немаше погодоци. Интересно е дека во последните години повеќе успеси имаат гостите. На шест натпревари во низа на Динамо и ЦСКА во рамки на лигата, домашниот тим нема освоено три бода.

„Армејците“ четири години чекаат на триумф против „полицајците“ на свој терен. Последен пат ЦСКА победи пред своите навивачи во октомври 2016 година кога беше 1-0. На пет од седумте претходни средби на овие два тима типот беше 0-2 гола. Ако традицијата продолжи, би требало повторно да гледаме дуел со мал број на голови. Мала предност даваме на четата на Виктор Гончаренко.