• Иван Димовски
Фудбалерите на Португалија и Конго одиграа нерешени 1-1 (1-1) во натпреварот од првото коло на Светското првенство. Пресметката од групата К понуди голема борба, а аутсајдерот од Африка го шокира големиот фаворит и му откина бодови на стартот на шампионатот.
- Извештај во натпреварот:
Многу рано во натпреварот кој се одигра во Хјустон беше отворен резултатот, бидејќи Жоао Невес уште во шестата минута погоди за водство на Португалците. Фудбалерот за врска несвојствено за себе погоди со глава по нафрлување од Педро Нето и рано фаворитот стекна предност од 1-0. Сепак, бргу стигна првата опомена на спротивната страна преку Жоан Виса кој имаше добар удар крај стативата.
Португалија не успеваше да најде решение за добрата дефанзива на Конго, многу грешеше и казната стигна во последните секунди од првото полувреме. Жоан Виса беше заборавен во шеснаесетникот, доби добар центаршут од Масуаку и одлично биеше со глава, неодбранливо за голманот Кошта за 1-1 во 50. минута од првото полувреме.
Во вториот дел подобар на теренот беше тимот предводен од Роберто Мартинез. Сепак, тоа сè делуваше јалово и недостигаше конкретност. Се тресеше мрежата на Конго во 55. минута со атрактивен удар на Жоао Кансело преку себе, меѓутоа судиите сигнализираа очекуван офсајд. На спротивната страна Седрик Бакамбу го опомена фаворитот, а потоа за Португалците се закани и Кристијано Роналдо. Истите двајца актери имаа уште по неколку обиди до крајот, меѓутоа резултатот остана непроменет.
Во групата со Португалците се уште Колумбија и Узбекистан кои играат утрово во 04:00 часот





