• Саше Љолес

Македонскиот прволигаш Арсими се пофали со ново засилување за остатокот од сезоната. Нов член на тимот од Чегране е Ремзифаик Реми Селмани, кој доаѓа од редовите на косовскиот Феризај.
Се работи за искусен 28-годишен напаѓач, кој претходно во кариерата настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои се Беса 1976, Гостивар, Брегалница, Шкендија и Ренова, а на меѓународно ниво играше за Ујпешт, Мезоковешд, Партизани и косовскиот Лапи.
Арсими го заврши есенскиот дел од сезоната на петтата позиција на табелата, со вкупно 22 бода на своето конто.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


