Ново име кај Работнички: Бојан Ѓоргиевски стана „романтичар“

Во финишот на зимскиот преоден рок, Работнички успеа да доведе уште едно засилување.

Нов член на клубот е десниот бек Бојан Ѓоргиевски. 27-годишниот играч се враќа во македонскиот шампионат, откако во изминатиот период настапуваше во Албанија. Македонскиот фудбалер потпиша едногодишен договор со Работнички.

Дефанзивецот во Македонија има настапувано и за Вардар, Металург, Хоризонт Турново и за Победа. Беше интернационалец и во Бате Борисов (Белорусија), Сконто Рига (Летонија), Нефтохимик (Бугарија), Мачва (Србија), Теута, Камза (Албанија).