• Саше Љолес
Манчестер Јунајтед има ново име во својот табор. Тоа е голманот Карл Дарлоу, кој пристигна од редовите на Лидс Јунајтед и потпиша договор до јуни 2028 година.
35-годишниот чувар на мрежата пристигна кај „ѓаволите“ како слободен играч и ќе биде дел од ротацијата за оваа позиција.
„Горд сум што добив договор од Манчестер Јунајтед. Се придружувам на одлична група голмани и се радувам дека ќе работиме заедно. Овој клуб има високи стандарди кои мораме да ги задржиме, се надевам дека ќе оствариме многу успешни резултати“, изјави Дарлоу.
Новиот голман на Јунајтед досега има одиграно 279 натпревари, од кои 74 беа во Премиер лигата. Минатата сезона настапи на 22 натпревари во првенството и забележа пет „чисти мрежи“.
Беше дел од Нотингем Форест, Хал Сити и Њукасл Јунајтед, а потоа три години го носеше дресот на Лидс.

