Ново големо засилување за Лабуништа, го договoри Каланоски 

Екипата на Лабуништа продолжува со доведувањето на нови фудбалери, откако своите редови ги засили со поранешен член на прилепска Победа. 

Антонио Каланоски е најновото име во тимот предводен од Пепи Џигеровски. Се работи за 25-годишен крилен фудбалер кој со себе носи долгогодишен багаж од прволигашкиот фудбал и заедно со Петар Љамчевски се најголемите засилувања за Лабуништа ова лето. 

Каланоски во својата кариера настапуваше уште за Охрид, Металург, Силекс, Еуромилк, Силекс и Победа. Лабуништа претходно се засили и со фудбалерот на Струга Трим Љум, Арион Зиба, кој пристигна на едногодишна позајмица.