Ново фудбалско насилство во Франција: Убиен навивач на Нант

Навивач на францускиот прволигаш Нант беше убиен во саботата во судир со навивачите на Ница пред натпревар од француското првенство. 

Оваа информација ја потврди и самиот клуб, кој објави дека еден од нивните навивачи бил избоден повеќе пати. Лекарите се обиделе да му помогнат, но не успеале и тој починал.

Угледниот француски спортски весник „Л’Екип“ пишува дека тој бил член на „Бригадата Лоара“, злогласната навивачка група на Нант која ги собира најжестоките навивачи. Клубот соопшти дека починатиот навивач имал 31 година и дека бил прободен од зад грб. Истрагата е во тек.

Натпреварот заврши со победа на Нант со 1-0.