• Иван Димовски

Фудбалскиот сојуз на Шпанија ги извлече паровите за полуфиналето на Купот на Кралот. Среќата посака веднаш во оваа фаза да се игра спектакуларен двомеч меѓу двата најголеми фаворити.
Реал Мадрид и Барселона ќе се судрат во битката за финалето, што значи дека фановите ќе уживаат уште во барем две „Ел Класико“ средби оваа сезона. Покрај овој пар, Атлетик Билбао налета на изненадувањето Осасуна.
Првите средби од двомечот меѓу Осасуна и Атлетик ќе се одиграат во периодот од седми до деветти февруари, додека реваншите се закажани за деновите меѓу први и трети март.
Со оглед на настапите на Реал Мадрид на Мундијалот за клубови, дерби пресметките добија нови термини. Првото полуфинално „Ел Класико“ ќе се игра на први или втори март, додека реваншот ќе биде меѓу четврти и шести април. Оваа сезона Барселона и Реал се судрија двапати. „Кралевите“ славеа во Примера со 3-1, додека месецов во Суперкупов победи каталонскиот клуб со ист резултат.
Финалето е предвидено во месец мај на „Ел Картуха“ во Севиља.