• Горан Упале
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, денеска е приведен во рамки на поширока полициска акција, дознава „Портал Икс“ од свои извори.
Според неофицијалните информации, во истрагата се опфатени уште 15 лица, како и три компании кои се поврзуваат со случајот, што укажува на обемна акција на надлежните институции.
При претресот кај Ѓорѓиоски, како што се наведува, биле пронајдени пари во кеш, што отвора дополнителни сомнежи за можни финансиски злоупотреби. Засега нема официјална потврда за деталите од истрагата, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство.
Ѓорѓиоски беше на чело на ФФМ во периодот од 2012 до 2018 година, по што се повлече од функцијата, оставајќи значаен белег во македонскиот фудбал. Претходно, приведен беше и наследникот на Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини.