• Мартин Танасковски
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп го објави својот список на играчи за следните натпревари на „петлите“ против Израел и Белгија во Лигата на нациите.
На него очекувано не се најде ѕвездата и капитен на тимот, Килијан Мбапе, кој тренерот ќе добие одмор. Во составот се враќаат двајцата играчи на Челзи, Кристофер Нкунку и Весли Фофана.
Тоа ќе биде прв пат во повеќе од десет години Франција да остане без двајцата клучни играчи Килијан Мбапе и Антоан Гризман во исто време. Фудбалерот на Атлетико Мадрид претходно најави дека се повлекува од националниот тим.
Натпреварот меѓу Израел и Франција се игра на 10 октомври, а четири дена подоцна тимот оди на мегдан со Белгија.