• Саше Љолес
Советот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) донесе едногласна одлука за зголемување на бројот на учесници на Светските првенства за жени, што значи дека почнувајќи од 2031 година ќе гледаме 48 репрезентации на Мундијалите.
На состанокот бил усвоен новиот формат во кој селекциите ќе бидат поделени во 12 групи, а бројот на натпревари ќе се зголеми од 64 на вкупно 104.
„Ова е уште еден важен чекор за развој на ќенскиот фудбал. Целта е повеќе ФИФА членки да ги искористат плантераните собири за унапредување на својата структура, а тоа воедно ќе значи и поголема финансиска придобивка за федерациите“, изјави претседателот Џани Инфантино.
Се очекува домаќин на Мундијалот во 2031 година да бидат САД, Мексико и Канада, кои веќе ја добија организацијата на Светското првенство во машка конкуренција, а ќе се одржи следната година.


