Новиот селектор на Португалија одлучи за судбината на Роналдо: Ова е моја одлука!

Новиот селектор на португалската репрезентација, Роберто Мартинез го објави списокот од 26 играчи на кои смета за натпреварите со Лихтенштајн и Луксембург, во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Она што сите со нетрпение го очекува е дали поранешниот предводник на Белгија ќе го повика Кристијано Роналдо, кој подолго време не игра на врвно ниво.

„Се сретнав со сите 26 играчи кои беа во Катар. Важно е да разговараме, да ја видиме нивната посветеност. А, Роналдо е многу посветен фудбалер и ќе биде со нас. Ова е моја одлука. Тој може да ни донесе искуство, многу важна личност е за тимот, а годините не ме интересираат. Кристијано има квалитети на победник и сакам тоа да им го пренесе на другите играчи.

Во однос на статусот, тој има ист статус како и сите други фудбалери во тимот“, рече Мартинез.

Мартинез своето деби на клупата на поранешниот европски шампион ќе го има на 23 март, на дуелот со Лихтенштајн. По три дена „европските Бразилци“ ќе гостуваат кај Луксембург.