• Саше Љолес
Италијанските фудбалски гиганти, Интер и Милан, веќе ги прават првичните подготовки за изградба на новиот стадион. Клубовите планираат да ги удвојат приходите од нивниот иден заеднички спортски објект, кој треба да биде завршен до 2031 година.
Според проекциите на клубовите, секој тим би можел да заработи сума од 180 милиони евра годишно, благодарение на модерниот мултифункционален објект кој ќе биде „жив“ во текот на целата година, односно ќе се одржуваат и манифестации кои нема да бидат само од спортски карактер.
Новиот стадион ќе има капацитет од 71.500 седишта, и се планира да биде дизајниран како вистинска „машина“ за генерирање постојан приход.
За разлика од сегашниот „Сан Сиро“, комплексот е планиран да функционира секојдневно - со бројни објекти, угостителски локали и настани надвор од фудбалските натпревари.








