ВИДЕО: „Новиот Италијанец“ со гол за победа во 99. минута го крена стадионот на нозе

Името на Матео Ретеги ги собра симпатиите на јавноста, откако едно анонимно момче од Аргентина доби шанса, заигра за Италија и даде два гола на првите два дуели за репрезентацијата. Роберто Манчини добро го скаутира младиот напаѓач, кој и во првенството на Аргентина игра одлично. 

Имено, во текот на натпреварот ноќва меѓу Тигре и Ланус, Ретеги беше човек на одлука и тоа со погодок во 99. минута. Откако претходно Тигре поведе преку Кастро, а Диаз донесе израмнување за Ланус, длабоко во судиското продолжение на сцена стапи „новиот Италијанец“. 

Победоносниот погодок на Ретеги речиси го „сруши“ натпреварот. Познатиот аргентински жар на трибините понуди одушевување, делириум, песна и огромно славје какво што може да се види само во Јужна Америка.