• Горан Упале
Манчестер Јунајтед би можел да добие нов тинејџерски бисер, откако 15-годишниот напаѓач Џеј Џеј Габриел сè посериозно се наметнува во плановите на клубот.
Младиот фудбалер веќе тренира со првиот тим, а неговите настапи во младинските категории го потврдуваат огромниот потенцијал. Тренерот Мајкл Керик внимателно го следи неговиот развој и има само пофални зборови за талентираниот напаѓач.
„Џеј Џеј е еден од момците. Очигледно е голем талент. Многу тренираше со нас и постојано стекнува искуство. Физички се приспособува на секој следен чекор и само продолжуваме со неговиот развој“, изјави Керик.
Габриел неодамна дебитираше за вториот тим во Премиер лига 2, а само една недела подоцна блесна и против Лестер. Неговиот развој веќе потсетува на Рајан Гигс, кој како 17-годишник дебитираше за првиот тим на Јунајтед.
Доколку Керик му даде шанса пред 6 октомври, кога Габриел ќе наполни 16 години, тој би можел да стане најмладиот дебитант во историјата на Манчестер Јунајтед. Рекордот моментално го држи голманот Дејвид Гаскел, кој дебитираше на 16 години и 19 дена.
