ВИДЕО: Новиот „галактико“ на Реал го копираше голот на славниот Ромарио

Винисиус Жуниор

Цело лето се шпекулираше дека Килиан Мбапе ќе биде новиот „галактико“ играч, кој Флорентино Перез го најави при кандидатурата за претседателското место.

Сепак, младата француска ѕвезда ќе остане во Франција и ќе го носи дресот на ПСЖ. За фановите да не тагуваат многу по Мбапе, клубот се погрижи да најде негова замена уште во зимскиот период, кога плати 45 милиони евра за 17-годишниот вундеркид од Бразил, Винисиус Жуниор.

Вчера, бразилската суперѕвезда постигна два гола во победата на Фламенго, а еден од нив беше копија на легендарниот погодок на Ромарио.