Новиот член на Серија Б го следи Илија Несторовски

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски е слободен играч по разделбата со Асколи и уште еден клуб од Серија Б го прати развојот на настаните околу неговата иднина.

Италијанските медиуми јавуваат дека новиот второлигаш Карарезе бара напаѓач, а една од опциите е прилепчанецот кој има големо искуство во фудбалот на „чизмата“. Сепак, тешко е да се верува дека Несторовски би потпишал за Карарезе.

34-годишниот Несторовски во Асколи дојде пред стартот на минатата сезона од редовите на Удинезе во чии редови му истече договорот. Иако имаше договор до 2025 година, Македонецот си замина од екипата затоа што во договорот има клаузула дека може да бара нова екипа ако Асколи испадне.

Во последната сезона напаѓачот настапи на 20 натпревари за Асколи, а зад своето име запиша два гола. Покрај за Удинезе и Асколи, во Италија тој играше и за Палермо.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.