• Зоран Мишевски

Второлигашот Борец ја одработува првата фаза од летните подготовки наменета за подобрување на физичките предиспозиции на фудбалерите, а закажан е и првиот пријателски натпревар.
Новиот вторологаш, Вардарски прв ќе ја тестира формата на фудбалерите на Љупчо Димитковски. Натрепаварот со Вардарски е закажан утре, со почеток во 18:00 часот, на „Градскиот стадион“ во Богданци.
Велешани своите финални техничко-тактички подготовки ќе ги извршат во Велес, каде е предвидено и одигрување на неколку пријателски средби.