• Зоран Мишевски
Новинарите го кажаа своето - најдобар играч во Премиер лигата оваа сезона е Мохамед Салах од Ливерпул. Вкупно 918 новинари гласаа, а Египќанецот победи со речиси 90% од гласовите.
Салах е само вториот играч кој трипати ја освоил наградата на новинарите за најдобар во сезоната, изедначувајќи се со легендата на Арсенал, Тјери Анри. Салах постигна 33 гола во сите натпреварувања оваа сезона, која сè уште не е завршена, од кои 28 беа во Премиер лигата, во која ја освои својата втора шампионска титула.
Зад Салах, на второто место се пласира неговиот соиграч Вирџил ван Дајк, додека трет беше Александар Исак од Њукасл.