Нови промени: Македонија против Косово без публика во октомври или ноември

Продолжува одложувањето на плеј-офот на Лигата на Европа, кој е шансата на Македонија да избори пласман на едно големо натпреварување.

Она што требаше да биде спектакл во Скопје во март најпрво беше одложено за јуни, а сега речиси сигурно е дека ќе се игра во октомври или ноември. Уште полоши вести за навивачите доаѓаат од седиштето на УЕФА, од каде излезе информација и да се одиграат натпреварите, истите ќе бидат без публика на трибините.

Конечна одлука околу термините ќе се знае кога пандемијата со коронавирусот целосно ќе заврши. Останаа уште 16 тима кои се борат за финалните четири места на Европското првенство, кое беше преместено за наредното лето.

Октомври би требало да се одржат полуфиналните пресметки, а финалните мечеви ќе бидат закажани еден месец подоцна. Македонија ќе мора да се избори против незгодната репрезентација на Косово, а со евентуална победа, ќе атакува на историски пласман преку победникот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија.

Публиката требаше да биде предноста на нашиот национален тим, кој доби шанса на домашен терен да брка победа против косовските репрезентативци. Сегашната ситуација во светот не ветува дека нешто ќе се промени во наредните неколку месеци, па многу честа глетка на натпреварите ќе бидат празните трибини.