Нови проблеми за Тотенхем: Враќањето на „Вајт Харт Лејн“ се одложи за нови два месеци

Фудбалерите на англискиот премиерлигаш Тотенхем, ќе мораат да почекаат уште најмалку два месеци, за конечно да „дебитираат“ на реновираниот стадион „Вајт Харт Лејн“. 

Како што информираат од редовите на лондонскиот гигант, поради нови проблеми се приморани повторно да го одложат враќањето на својот дом, па на „Вембли“ ќе останат најмалку до крајот на март.

„Сакам да им се извинам на сите фанови, и да им се заблагодарам за трпеливоста“, порача првиот човек на клубот Даниел Леви. 

Новиот „Вајт Харт Лејн“ ќе чини неверојатни една милијарда фунти и според најавите ќе биде еден од најмодерниот стадиони на светот. Спарси скоро осум месеци се во исчекување на првиот натпревар на новиот стадион, откако првично требаше да биде отворен во септември, па потоа и во јануари.