• Саше Љолес
Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, ќе мора да паузира најмалку три месеци и ќе го пропушти поголемиот дел од пролетниот дел од сезоната поради сериозна повреда.
Бентанкур се повреди на натпреварот од Премиер лигата против Борнмут, при што почувствува силна болка и мораше да биде заменет во доцната фаза од мечот. По детални медицински тестови, лекарите утврдија дека станува збор за тешка повреда на мускулно-тетивниот апарат, што ќе бара хируршки зафат и подолго опоравување.
Поради тоа, 28-годишниот Уругваец ќе биде надвор од терените околу три месеци, што значи дека ќе пропушти многу клучни натпревари за својот клуб. Ова е голем удар за стручниот штаб на Тотенхем, кој веќе има проблеми со повреди во тимот и ќе мора да бара алтернативни решенија за средината на теренот.
Бентанкур беше еден од најкорисните играчи на клубот оваа сезона, со вкупно 20 настапи во Премиер лигата, а неговото отсуство може директно да влијае врз конечниот пласман на тимот сезонава.




