Нови проблеми за Солари: Тибо Куртоа ќе паузира десет дена!

Нема крај за малерите на Сантијаго Солари, по повредата на Герет Бејл и Тони Крос, надвор од терените во следниот период ќе биде и Тибо Куртоа.

Белгиецот се очекува поради повреда на мускулот да паузира во следните десет дена, а тоа значи дека освен што ќе го пропушти денешниот меч од Купот на Кралот против Леганес, нема да биде дел ниту од првенствениот меч против Бетис, а ниту на возвратниот дуел од кралскиот Куп.

Негова замена се очекува да биде Кејлор Навас, а во моментов поради повреда надвор од стројот на Солари се уште и Марко Асенсио, Маркос Љоренте, Герет Бејл и Тони Крос.