• Саше Љолес
Реал Мадрид најмалку еден месец ќе остане без услугите на Орелиен Чуамени, откако францускиот репрезентативец доживеа повреда на скочниот зглоб на натпреварот против Милан во Лигата на шампионите.
Информацијата ја потврдија и од „кралскиот“ клуб, Чуамени е во „аут“ триесет дена, додека атмосферата во Реал не е на највисоко ниво и се зголемува притисокот врз тренерот Карло Анчелоти.
Оваа сезона Чуамени одигра 15 натпревари, а во дресот на „кралевите“ настапува од 2022 година. Деновиве во шпанските медиуми кружеа шпекулации дека управата сака да го продаде во следната можна прилика, но ова не е потврдено од ниту еден релевантен извор.