Нови проблеми за Пелегрини и Вест Хем: Арнаутовиќ еден месец во „аут“

Проблемите за Мануел Пелегрини и Вест Хем не стивнуваат, откако лекарскиот тим на „чеканите“ обелодени дека годината е завршена за еден од најдобрите поединци Марко Арнаутовиќ. 

Австрискиот напаѓач пред два дена се повреди на натпреварот против Кардиф и беше приморан предвреме да се упати во соблекувалната, а по дополнителните прегледи се испостави дека бутниот мускул е истегнат и неопходна е едномесечна пауза. 

Во оваа сезона, Арнаутовиќ одигра само 13 натпревари за Вест Хем, во кои постигна пет гола, а неговото враќање на терените се очекува да биде кон средината на јануари, кога ќе се одигра третото коло од ФА Купот. 

Поради сериозни повреди искусниот чилеански стратег подолг период е без услугите на првотимците Јармоленко, Кресвел, Вилшер, Рид, Санчез и Ланцини.